• A-
  • A
  • A+
среда, 15 август 2018, 

Зградите да се трансформираат во објекти со потрошувачка на енергија близу до нула

Зградите да се трансформираат во објекти со потрошувачка на енергија близу до нула

Скопје, 11 април 2018 (МИА) - Општините и со досегашните законски решенија, а посебно со новите законски решенија за енергетика и за енергетска ефикасност кои се во подготовка, имаат широк спектар на можности за примена на системите со фотоволтаици како поединечни извори на енергија.

Тоа беше истакнато на денешната работилница „Бариери и можности за интеграција на системи за складирање енергија во згради со фотоволтаици и примена на nZEB стандардите, во организација на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

- Според новиот закон сите индивидуални резиденцијални објекти може да инсталираат вакви системи до 4 kW (словенскиот модел), а ќе бидат субвенционирани со 500 евра од државата, при што постапките ќе почнуваат и завршуваат во општините. Согласно европските директиви од 2018 година сите новоизградени јавни објекти во надлежност на општините треба да бидат енергетски независни. Целокупната потреба на енергија ќе се обезбедува во самиот објект – пракса која треба да се следи и кај нас, рече Љупчо Димов, претставник на скопската општина Карпош.

Учесниците на работилницата укажаа дека трансформацијата на зградите во објекти со потрошувачка на енергија близу до нула (nZEB) и бариерите и можностите за интеграција на системите за складирање енергија во згради со фотоволтаици се предизвици со кои се соочува научната и стручната јавност.

Професорот од ФЕИТ Димитар Димитров рече дека во последниве години цените на компонентите на фотоволтаичните системи се значително намалени, што довело до намалување и на производната цена на електричната енергија. - Таа веќе го достигнува нивото на цените од класичните извори. Со оглед дека производството на електрична енергија со фотоволтаичните системи има варијабилен карактер, таа енергија  нема да може да постигне соодветна цена на либерализираниот пазар. Еден од начините за намалување на негативните последици од варијабилноста на производството е складирање на електричната енергија, смета Димитров.

Работилницата е  дел од проект на ФЕИТ за подобрување на интеграцијата на фотоволтаици и системи за складирање на енергија во згради преку пет пилот проекти.

На една од зградите на ФЕИТ треба да се постави хибриден систем од фотоволтаични модули со капацитет од 10 kWp кој ќе го обезбеди факултетит, а од проектот ќе се набават батерии за складирање на најмалку 7kW од произведената електрична енергија со комплетен систем за поврзување и мониторинг и ќе се инсталира мониторинг систем за следење на потрошувачката на електрична енергија кај 20 домаќинства во Скопје во згради или пак во индивидуални куќи.

Со целите на европската политика за клима и енергија до 2050 година треба да се постигне целосна декарбонизација на производството на електрична енергија, односно без фосилни горива, а емисиите на стакленички гасови од целокупниот енергетски сектор да се намалат за 80 проценти во однос на нивото во 1990 година.лв/сд/13:25

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...