• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Вардар во Велес месецов над просекот за април

Вардар во Велес месецов над просекот за април

Велес, 16 април 2018 (МИА) - Според информацијата од Центарот за управување со кризи Вардар во Велес сите денови досега во април, бил со ниво кое е над просекот за април кој изнесува 108 сантиметри.

Вредностите кај Стар мост редовно ги мерат од УХМР.

Инаку највисок водостој од 170 сантиметри бил измерен на 8 април, а во изминатите седум  денови варирал од 130 до 160. Во саботата  бил 160, а  вчера и денеска биле измерени 150 сантиметри.

Стручњаците појаснуваат дека причина за ваквата состојба со Вардар имаат зголемените температури кои придонеле за топење на снегот, а со тоа и зголемување на водостојот на реките.

Воедно по денешниот краткотраен дожд и дождот во наредните денови, се очекува понатамошно зголемување на водостојот и со тоа зголемување на нивото на реката Вардар.ад/скс/14:54

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Де Бирс“ ќе префрли 200 слонови од Јужна Африка во Мозамбик

Производителот на дијаманти „Де Бирс“ соопшти дека...

Жена пронашла алигатор вo својот двор во Пенсилванија

Жителка на Пенсилванија, по име Трејси Хофекер про...

Тениската ѕвезда Мартина Хингис повторно пред олтар

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Швајцарк...

Џорџ Мајкл петпати се обидел да изврши самоубиство

Иако официјалните податоци говорат дека британскио...

Почина глумицата Елмари Вендел

Актерката Елмари Вендел, најпозната по улогата на ...