• A-
  • A
  • A+
среда, 25 април 2018, 

Се гради водоводна мрежа до штипската населба Балканска

Се гради водоводна мрежа до штипската населба Балканска

Штип, 16 април 2018 (МИА) - Почна изградбата на водоводната мрежа со која околу 600 жители од штипската населба Балканска по неколку децении ќе бидат приклучени кон градскиот водовод и филтер станицата. 

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски денеска на прес-конференција рече дека водоводната мрежа ќе биде во должина од 1.300 метри со која ќе се реши проблемот со водата за пиење на околу 600 жители, кои во моментот се снабдуваат со вода од поранешните бунари на текстилниот комбинат „Македонка“. Проектот ќе се реализира во наредните два месеца.

- Според нашите проценки овој проект ќе чини нешто над 16 милиони денари, од кои околу половината од средствата или 8,5 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Штип, а другиот дел ги обезбедува ЈП „Исар“, истакна Бочварски.

штип водовод

Тој додаде дека во моментот во завршна фаза е и проектот за изградба на канализациона мрежа во оваа населба во должина од 350 метри. Во тек е и замена на уличното осветлување и чистење на депониите во населбите Балканска, Македонка и Чардаклија. вдј/бак/15:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.