• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Перкс: За училишта без насилство треба опкружување што тоа не го толерира

Перкс: За училишта без насилство треба опкружување што тоа не го толерира

Скопје, 16 април 2018 (МИА) - УНИЦЕФ со загриженост ја следи состојбата со насилството врз и помеѓу децата во земјата. Неодамнешниот инцидент во кој се вклучени ученици од основното училиште „Гоце Делчев“-Неготино е неспорен доказ за потребата повторно да се разгледаат начините на кои образовниот систем и целата заедница постапуваат во однос на насилното однесување, истакнува Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

Во писмената изјава за медиумите Перкс наведува дека насилството во училиштата е првенствено одраз на тоа што се случува дома, но и на тоа што се случува во целата заедница.

- Седум од десет деца на возраст од 2 до 14 години во земјата се дисциплинирани дома со насилни методи – физичко казнување или психолошка агресија. Децата кои имаат доживеано постојано малтретирање или други форми на насилство на училиште е многу поверојатно да бидат насилни дома, но и да страдаат од долгорочни психолошки последици. Малтретирањето честопати е повик за помош. Децата кои се служат со насилство честопати и самите се жртви на насилство, истакнува Перкс. 

За да се создадат училишта во кои нема насилство, посочува претставникот на УНИЦЕФ, неопходно е да се создаде опкружување кое не толерира насилство, а создавањето безбедна училишна средина подразбира создавање позитивна училишна клима во која се создаваат позитивни односи и каде сите членови на училишната заедница се чувствуваат почитувано, безбедно и сигурно.

- Од податоците од други европски земји постојат сознанија дека кога на насилството во училиштата се одговара со зголемена контрола и санкции има мали шанси проблемот да се реши на долг рок. За да се постигне безбедна училишна средина неопходно е да се јакнат капацитетите на наставниците за спречување насилно однесување. Наставниците кои применуваат превенција и поддршка наспроти контрола и казнување им помагаат на учениците да развиваат комуникациски и емоционални вештини, градење самодоверба и капацитет за емпатија, смета Перкс. 

Исто така, додава тој, треба да се воспостават механизми за интервенција во случаите на насилство за да се спречи повторна појава на насилство.

- И на крајот, ситуацијата бара да се зајакне соработката помеѓу институциите и организациите. Безбедните училишта не се случуваат сами по себе, туку се создаваат и одржуваат од луѓе кои се посветени на обезбедување позитивни односи и опкружување со почит. Тие луѓе ја претставуваат целата заедница во училиштето – децата, наставниците, училишниот кадар, родителите и пошироката заедница, пишува во изјавата на претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс. хс/17:02

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Де Бирс“ ќе префрли 200 слонови од Јужна Африка во Мозамбик

Производителот на дијаманти „Де Бирс“ соопшти дека...

Жена пронашла алигатор вo својот двор во Пенсилванија

Жителка на Пенсилванија, по име Трејси Хофекер про...

Тениската ѕвезда Мартина Хингис повторно пред олтар

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Швајцарк...

Џорџ Мајкл петпати се обидел да изврши самоубиство

Иако официјалните податоци говорат дека британскио...

Почина глумицата Елмари Вендел

Актерката Елмари Вендел, најпозната по улогата на ...