• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 јули 2018, 

Посебен сообраќаен режим за време на Дигиталниот самит

Посебен сообраќаен режим за време на Дигиталниот самит

Скопје, 16 април 2018 (МИА) - Поради претстојниот Дигитален самит на земјите од Западен Балкан, што на 18-ти и 19 април ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ и во ВИП Арена „Борис Трајковски“, утре од 15 часот и во следните два дена, односно до 15.30 часот на 19 април, СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.

Со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми Септември“, „Илинден“, како и другите сервисни улици кои гравитираат кон двата објекта.

Исто така, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до Скопскиот аеродром. ац/хс/17:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Де Бирс“ ќе префрли 200 слонови од Јужна Африка во Мозамбик

Производителот на дијаманти „Де Бирс“ соопшти дека...

Жена пронашла алигатор вo својот двор во Пенсилванија

Жителка на Пенсилванија, по име Трејси Хофекер про...

Тениската ѕвезда Мартина Хингис повторно пред олтар

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Швајцарк...

Џорџ Мајкл петпати се обидел да изврши самоубиство

Иако официјалните податоци говорат дека британскио...

Почина глумицата Елмари Вендел

Актерката Елмари Вендел, најпозната по улогата на ...