• A-
  • A
  • A+
недела, 22 јули 2018, 

Се уредува дворот на новата градинка во Кавадарци, капацитет за 100 деца

Се уредува дворот на новата градинка во Кавадарци, капацитет за 100 деца

Кавадарци, 5 мај 2018 (МИА) -  Се уредува дворот на новата  градинка во Кавадарци. На поголемиот дел од дворната површина ќе бидат поставени бекатон плочки,  а на останатиот  простор ќе биде извршено хортикултурно уредување, заградено со ивичници

Во овој објект ќе бидат згрижени околу 100 деца од предучилишна возраст, а општината очекува тоа да го ублажи сегашниот недостиг од места во детска градинка, соопштија од општинската прес служба.

​Општина Кавадарци планира да се изгради нов објкет за згрижување поголем број деца, со што би се решил проблемот со недостиг на места во градинка.

​- Градоначалникот и општината сериозно работат на проектот нов современ објект на детската градинка, се наведува во соопштението.вд/лв/11:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ