• A-
  • A
  • A+
понеделник, 21 мај 2018, 

Изработена Предлог национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030

Изработена Предлог национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030

Скопје, 16 мај 2018 (МИА) - Министерството за транспорт и врски изработи Предлог национална транспортна стратегија за периодот 2018-2030 година.

- Главните цели на стратегијата се: да се осигура економска одржливост во развојот, управувањето и одржувањето на транспортните системи, да се подобри безбедноста во сообраќајот, да се развие мулитмодалниот транспорт, да се подобри одржливоста на животната средина, како и изградба на инфраструктура согласно европските стандарди како дел од единствениот транспортен систем во регионот, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Тие општи цели се преточени  во поеднични цели за секој вид транспорт се разработени во конкретни 132 активности што се планирани за реализација до 2030 година.

Во рамки на проектот за подготовка на Предлог стратегијата, а следејќи ги одредбите од Законот за животна средина, е спроведена постапка и е изработен Предлог извештај за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Националната транспортна стратегија.

Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарентност и вклученост на јавноста во процесот на донесување на одлуки во однос на Националната транспортна стратегија 2018 – 2030, овие два документа се достапни на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: http://mtc.gov.mk/predlog-nacionalna-transportna-strategija-2018-2030

Забелешки  за предлог националната транспортна стратегија може да се испратат до Министерството за транспорт и врски или на електронската адреса на Министерството: info@mtc.gov.mk 

Министерството за транспорт најавува дека ќе се одржи и јавна расправа по Предлог стратегијата и Предлог извештајот за стратегиска оцена на животната средина.лв/сд/16:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Внук на Маркл фатен со нож пред бар во Лондон

Внук на војвотката од Сасекс Меган Маркл се обидел...

Париз го продолжува проектот за речни такси возила

Во главниот град на Франција Париз, на реката Сена...

Поранешен соработник на Спилберг прави холограмски диносауруси со пердуви

Џек Хорнер, некогашниот соработник на режсерот Сти...

Шакира изненади со флексибилноста

Партнерката на фудбалерот на Барселона Жерард Пике...

Хари и Меган го одложија медениот месец поради роденденот на принцот Чарлс

Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одлож...