• A-
  • A
  • A+
недела, 22 јули 2018, 

Во Гевгелија почнува одбележувањето на празникот Спасовден

Во Гевгелија почнува одбележувањето на празникот Спасовден

Гевгелија, 16 мај 2918 (МИА) - Во општина Гевгелија вечер ќе почне одбележување на верскиот празник Христово вознесение-Спасовден, кој е и заштитник, патрон на градот. 

Традиционално вечер ќе одекнат камбаните во црквата „Свети Спас“, која под својот покрив ќе ги собере верниците кои ќе преспијат во храмот за здравје, среќа и бериќет. Наместо курбанот, кој се давал порано, верниците пред да заспијат ќе јадат црковно гравче.

За граѓаните и за гостите поставени се тезги пред црквата, на кои се продава текстил, играчки, храна... Традиционално во Гевгелија за празникот вечер и утре ќе има панаѓур. им/мд/18:24

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ