• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Македонски студенти со прототип на паметна табла победија на меѓународен натпревар

Македонски студенти со прототип на паметна табла победија на меѓународен натпревар

Скопје, 1 јуни 2018 (МИА) - Тим студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии освои прво место на меѓународниот натпревар „EBEC Challenge Balkan“, што се одржа во Ниш, во организација на „Board of European Students of Technology“ (БЕСТ).

Студентите Јасна Станисавлевиќ, Александар Цоневски и Елена Стефановска од ФЕИТ, насока Обновливи извори, заедно со Калина Трајановска од ФИНКИ се натпреваруваа во категоријата тимски дизајн. Во конкуренција од осум тимови од Србија, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина и Хрватска, тимот на ФЕИТ изработи прототип на смарт табла (паметна табла) која го олеснува читањето на техничките цртежи, како решение за проблемот со кој се соочува еден од спонзорите на настанот.

Меѓународниот натпревар EBEC Challenge Balkan е европското натпреварување во инженерство на студентската организација БЕСТ, основана 1989 година и присутна на 96 технички факултети во 33 земји.лв/са/10:02

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...

Поранешна алкохоличарка најмлада богаташка на листата на „Форбс“

Линдзи Снајдер се најде на насловната страна на „Ф...