• A-
  • A
  • A+
вторник, 14 август 2018, 

Собранието на раб на кворум избра комисионери на АХВ

Собранието на раб на кворум избра комисионери на АХВ

Скопје, 14 јуни 2018 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска го започна продолжението на 46. седница, откако успеа да собере доволен број пратеници за кворум. Владејачкото мнозинство ги изгласа новите членови на Агенцијата за хартии од вредност - Лиле Делиџакова, Кирил Јовановски и Зоран Колев, а беа донесени и измените на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за царинска управа и за градежните производи, како и предлог одлуката за општите акти на Народниот правобранител. 

Голем дел од продолжението на 46. седницата мина во забелешки на претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за необезбедувањето кворум и создавање услови за гласање на законите за кои претходно веќе беше завршена расправата, како и во процедуралните забелешки на координаторите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Томислв Тунтев и Драган Данев. Тие меѓусебно се обвинуваа за немањето кворум и одговорноста што како пратеници ја имаат пред граѓаните во однос на работата на Парламентот. 

Џафери поради немање кворум, најнапред го прекина продолжението на седницата свикувајќи итна координација која требаше да помогне за обезбедување кворум, а откако седницата повторно продолжи предупреди дека од следната седница пратениците кои не се во салата за време на пленарните седници, а се во зградата на Парламентот ќе ги именува јавно, за како што кажа, грѓаните да знаат кои се тие што не доаѓаат на седници. 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев одговарајќи на обвинувањата на опозицијата за необезбедување кворум од страна на владејачкото мнозинство, рече дека тактиката на ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија да не влегуваат во сала додека нема обезбедно кворум, не ја намалува нивната одговорност пред граѓаните кои ги гласале. 

Сомневајќи се дека во салата има кворум за гласање, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев побара листинг од гласањата за да може да се спореди со потписите за присуство на пратениците. 

Џафери го прифати барањето, но нагласи дека во салата има 61 пратеник и дека гласањата се полноважни. 

Сосема на почетокот на продолжението на 46. седница во процедурална забелешка пратеникот Ферид Мухиќ изрази личен протест за изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан, во врска со односот на претседателот Ѓорге Иванов за договорот за името. Мухиќ рече дека бил иритиран бидејќи, како што наведе, никој не може да држи лекции на претседатели на држави без оглед каков став има и оти со тоа Хан покажал непочитување кон институциите на државата и кон државата Македонија. 

Собранието ја продолжи работата по точките од дневен ред на 47. седница. ев/са/13:07

###

    

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дете за 10 минути хакираше интернет страница и смени изборни резултати

На Емет Бруер (11) му беа потребни само десет мину...

Концертот на „2 Cellos“ во ВИП Арена презакажан за 19 октомври

Скопскиот концерт на една од моментно најголемите ...

Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој ж...

Виена можен домаќин на Евровизија наместо Израел

Главниот град на Австрија - Виена најверојатно, по...

Две сестри украле половина милион долари од училишни мензи во САД

Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во ...