Фудбалскиот интернационалец Несторовски му подари дрес од „Палермо“ на прилепскиот градоначалник

Фудбалскиот интернационалец Несторовски му подари дрес од „Палермо“ на прилепскиот градоначалник

Прилеп, 12 јули 2018 (МИА) - Иднината на фудбалот во Прилеп и во Македонија, беа тема на денешната средба помеѓу градоначалникот Илија Јованоски и прилепскиот фудбалски интернационалец и македонски репрезентативец Илија Несторовски.

Несторовски, кој моментално настапува за италијанскиот клуб „Палермо“ го запозна Јованоски со функционирањето на големите италијански и европски фудбалски клубови и со начинот на кој тие остваруваат соработка со властите во нивните земји за  подобрување на спортската инфраструктура и градењето млади фудбалски таленти.

Според Јованоски, нашиот сограѓанин, спортски ас, Несторовски, и другите македонски интернационалци, се вистински спортски амбасадори ширум светот.

- Тие имаат непроценлива улога во промоцијата на македонскиот фудбал и на новите таленти од Прилеп и од Македонија, рече Јованоски.

Во оваа пригода, Несторовски на прилепскиот градоначалник му го подари својот дрес со бројот и боите на „Палермо“.ем/скс/15:55

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ