• A-
  • A
  • A+
понеделник, 20 август 2018, 

Росоманските овоштари загрижени по најавата дека македонските праски ќе бидат забранети во Русија

Росоманските овоштари загрижени по најавата дека македонските праски ќе бидат забранети во Русија

Росоман, 10 август 2018 (МИА) - Овоштари од Росоманско попладнево изразија вознемиреност по најавата на рускиот регулатор за безбедност на храна дека од 15 август ќе воведе забрана за привремен увоз на некои коскести плодови од Македонија и Србија поради загриженост за безбедноста. 

- Во моментов околу 500 тони праски чекаат во ладилникот, имаме најава за 20 камиони за утовар за Русија, но сега работата е стопирана. Ова се и последните количини на праска зашто бербата е при крај, рече Владо Орданов од Росоман, еден од поголемите откупувачи на праски и сопственик на ладилник.

Градоначалникот на Росоман Бранко Јанев нагласи дека во моментов бербата на последните сорти праски е при крај.

- За оваа година бербата на праските е при крај и сметам дека нема да се одрази негативно, но долгорочно ако се гледа не е добар потег, додаде Јанев. 

Општина Росоман е најголем производител на праски во Македонија. свд/мд/19:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Сите „паѓаат“ поради новиот тренд на Инстаграм

Лажните паѓања и тоа на невообичаени места се нова...

Опра со пријателите летува во Дубровник

Една од најпопуларните телевизиски водителки, Опра...

Мерилин Менсон колабираше за време на концерт во Хјустон

Музичарот Мерилин Менсон колабираше за време на ко...

Полицајка од Аргентина надои болно бебе во болницата каде што работи

Полицајка која била на должност во една аргентинск...

Принцот Чарлс може да си го смени името пред да седне на престолот

Принцот Чарлс чека на ред за престолот на Британск...