Измена на сообраќајниот режим на пристапната улица во Градскиот парк во Велес

Измена на сообраќајниот режим на пристапната улица во Градскиот парк во Велес

Велес, 12 септември 2018 (МИА) - На барање на граѓаните рекреативци денеска во Градскиот парк во Велес стартува измената на сообраќајниот режим на пристапната улица.

Градоначалникот Аце Коцевски на прес-конференција соопшти дека е поставена вертикална сообраќајна сигнализација, со која се утврдува забрана на движење на моторни возила на оваа пристапна улица.  Временското ограничување за летниот период е од 6:00 до 9:00 часот и од 18:00 до 21:00 часот, додека за зимскиот период од 6.00 до 9.00 часот и од 17:00 до 20:00 часот.

- Оваа забрана не се однесува на возилата за итна медицинска помош, возилата на противпожарната единица и возилата на МВР, рече Коцевски. ад/ев/17:21

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ