Заев - Блок: Исполнувањето на одржливи резултати во реформите го отвора патот на Македонија кон ЕУ

Заев - Блок: Исполнувањето на одржливи резултати во реформите го отвора патот на Македонија кон ЕУ

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев, денеска, се сретна со делегација на Кралството Холандија, предводена од министерот за надворешни работи, Стеф Блок, со кој разговараше за важноста на големата историска одлука, пред којашто се исправени граѓаните на Република Македонија, претстојниот референдум на 30 септември, како и реформските процеси во земјата за исполнување на евроатлантските интеграции.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев, потенцираше дека посетата на Блок се случува во историски период за Македонија, за време на кампањата за референдум, со кој е заокружен неколкудеценискиот спор со Грција и кога граѓаните на Република Македонија ќе имаат можност слободно и демократски да го изразат својот став.

- Премиерот Заев искажа благодарност за континуираната поддршка во градењето на нашата земја како европска и демократска и изрази уверување дека Владата останува фокусирана на обезбедување на конкретни и одржливи резултати во правец на реформите во областа на судството, безбедносните служби, јавната администрација, слободата на говорот и обезбедување на подобрување на условите на медиумите, за функционирање на независни медиуми, како и продолжување на напорите за интензивирање на борбата против корупцијата, стои во соопштението.

заев блок

Истакнувајќи, дека Македонија има направено огромни чекори на патот кон стабилноста на државата, шефот на холандската дипломатија Блок, се посочува, на премиерот Заев му честиташе за постигнатиот Договор со Грција, оценувајќи дека со него е отстранета последната формална пречка за почеток на пристапните разговори за членство на Македонија во НАТО, со што двете земји го зацврстија патот на пријателството и за зголемена соработка за доброто на граѓаните.

Истовремено, министерот Блок, се додава, ја пренесе поддршката која континуирано ја дава пријателска Холандија, акцентирајќи дека  таа е базирана на исполнувањето на условите и имплементацијата на реформите, кои, како што подвлече, се клучни кон отворањето на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО.

- Двајцата соговорници се согласија дека почитувањето и практицирањето на политиката на добрососедски односи и соработка ја подобрува и сликата на целиот регион и отвора можност за просперитет на сите земји од западниот Балкан, се наведува во соопштението. 

На состанокот се разговараше и за подобрување на билатералната соработка помеѓу Холандија и Македонија, која веќе се одвива во рамките на неколку проекти. Беше заклучено дека исполнувањето на условите на Македонија за влез во НАТО и пристапувањето во европската заедница ќе даде дополнителен импулс за стопанскиот развој и ќе испрати порака до инвеститорите дека е земја интересна за бизнис перспектива, стои во соопштението од Владата. вг/ев/17:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...