• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

АХВ ќе контролира дали на пазарот има храна со јонизирачко зрачење

АХВ ќе контролира дали на пазарот има храна со јонизирачко зрачење

Скопје, 13 септември 2018 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од следниот месец ќе контролира дали на пазарите во државава има храна третирана со јонизирачко зрачење. Со опрема од Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена ќе се тестира увозна храна со оглед дека во домашното стопанство се уште не е регистрирано такво производство.

Инспекторите на АХВ ќе земаат мостри од храната, за што поминуваат специјализирана обука, а испитувањата ќе се вршат во лабораторија на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Јонизирачкото зрачење е иновативна технологија со која се продолжува рокот на траење, квалитетот и безбедноста на храната и, како што вели директорот на АХВ Зоран Атанасовски, воопшто не е штетна. Регулативата пропишува дека мора да биде обележана со зборовите  - озрачена или - третирана со јонизирачко зрачење.

- Не станува збор за третман на безбедноста на храната, туку за правото на потрошувачите да знаат каква храна конзумираат. Во тој дел Македонија и АХВ целосно се хармонизиизраа со европското законодавство, каде што исто така е предвидено храната произведена со оваа иновативна технологија да биде означена и потрошувачите да знаат што конзумираат, изјави денеска  Атанасовски.

Со оглед дека веќе има земји кои ја третираат храната со оваа технологија од АХВ претпоставуават дека при увозот во државава влегува таква храна.

- Сакаме да видиме дали  ја означуваат бидејќи се обврзани и дали ако е означена навистина ја третирале таквата храна. Се работи за подобрување на квалитетот на храната, безбедноста и продолжување на рокот и дали навистина се уништени микроорганизмите на површината на производот, посочи Атанасовски.

Согласно Правилникот на АХВ за посебните барања за безбедност на храната третирана со јонизирачко зрачење дозволено е да се врши третман на суви билки, зачини, суво овошје и зеленчуци, затоа што тој е усогласен со европската легислатива. 

Доколку некоја компанија сака да примени таква технологија во државава треба да добие дозвола од АХВ и од Дирекцијата за радијациска сигурност.

ахв феит јониизрачко зрачењеКако што објасни проф. Христина Спасевска од Факултетот за електротехника, која е координатор на проектот, процесот на третирање со јонизирачко зрачење е сличен на стерилизацијата на храната која ја вршиме во домашни услови, со топлинско зрачење. Разликата е што јонизирачкото зрачење е ладна стерилизација, не се користи топлина со кои се уништуваат одредени хранливи материи. Со јонизирачкото зрачење на добрите производи им се дава уште поголема вредност да бидат поквалитетни, а не лошите производи да ги направиме добри, изјави  Спасевска.

Со поддршка на Меѓународната агенција за атомска енергија, на ФЕИТ се одржуваат обука и работилница со странски експерти за значењето на третирањето на храната со јонизирачко зрачење и колку таа е безбедна за консумирање.

Според најавите, АХВ, во партнерство со Факултетот за елетротехника и инфомациски технологии во Скопје и Биотехничкиот факултет од Битола, ќе спроведат нов двегодишен проект „Зголемување на капацитетите во Република Македонија за користење на нуклеарни техники за безбедност и детекција на храна третирана со јонизирачко зрачење” кој комплетно е финансиран од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Со овој проект ќе се обезбеди и опрема за детектирање храна од месо и млечни производи. лв/сст/12:44

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...