• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Одбележан Меѓународниот ден на заболените од хронична миелоична леукемија

Одбележан Меѓународниот ден на заболените од хронична миелоична леукемија

Скопје, 24 септември 2018 (МИА) - Повеќе лекови што се признати во светот се обезбедени за пациентите со хронична миелоична леукемија. Очекувам системски да се решат проблемите во обезбедувањето лекови кои значат живот за овие пациенти, истакна претседателот на Здружението за помош на заболени од хронична миелоична леукемија, Пепо Леви на одбележувањето на Меѓународниот ден на заболените од ХМЛ. 

Тој посочи дека од пет можни лека пациентите имаат четири од кои еден („иматиниб“) е на позитивната листа на лекови. Лекот „нилотиниб“, потенцира, годинава интервентно е набавен, но годинава системски мора да се реши оваа набавка. 

- Од 25 до 30 отсто од заболените од ХМЛ не одговараат на прволиниската терапија и за нив е набавена второлииската терапија. Има случаи на кои не им одговара ни второлиниската терапија и за нив се предвидени лековите „босутиниб“ и „понатиниб“. Еден од проблемите е премногу честото менување на лекот „иматиниб“, рече Леви. 

Според него, не е добро што се менува терапијата на пациентите. - Не може секој нареден тендер пациентите да добиваат друг лек кој произведува различен ефект, додаде Леви.

Директорката на Клиниката за хeматологија, Ирина Пановска – Ставридис рече дека во моментот во таа јавна здравствена установа се лекуваат 132 пациенти со хронична миелоична леукемија. Посочи дека годишно во просек се дијагностицираат околу 14 пациенти.

Ирина Пановска – Ставридис- Во април годинава за првпат пациентите со ХМЛ од нашата држава добија можност за лекување со нов специфичен посупериорен второгенерациски лек „нилотиниб“ со кој е обезбеден поефикасен третман за болните, особено за оние кои немаат задоволителен одговор на прволиниската терапија. Средствата за лекот се обезбедени од Министерството за здравство во соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија, додаде Пановска – Ставридис. рп/сд/14:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...

Премијата за американската лотарија се искачи на 654 милиони долари

Премијата за американската игра на среќа „Мега мил...

Арда Tуран се соочува со 12,5 години затвор за нападот врз Беркај Шахин

Обвинителството во Истанбул побара затворска казна...