• A-
  • A
  • A+
вторник, 16 октомври 2018, 

Општина Аеродром: Постапката за извршување е одложена по барање на сопственикот на Силбо

Општина Аеродром: Постапката за извршување е одложена по барање на сопственикот на Силбо

Скопје, 24 септември 2018 (МИА) - Постапката за извршување на решението за отстранување на недостатоците на објектот на пекарницата Силбо во ТЦ Бисер е одложена по барање на сопственикот на пекарницата, информира општина Аеродром во реакција на денешната прес-конференција на Здружението на сопственици на деловен простор за одржување на ТЦ Бисер.

- Постапката за извршување е одложена по барање на сопственикот ДПТУ „Жито Скопје Силбо ДООЕЛ“. Одложувањето важи сѐ до донесување одлука на второстепената комисија за инспекциски надзор и прекршочна постапка, согласно со Законот за општа управна постапка, соопшти општина Аеродром.

Пред да се преземе каква било активност, се нагласува во соопштението, мора да се почека до решавањето на второстепената комисија.

Здружението денеска на прес-конференција го повика Јавното обвинителство да покрене истрага за „бесправната изградба на пекарницата Силбо во ТЦ Бисер“, во спротвино најавија дека ќе поднесат кривична пријава до сите инволвирани, како и протести и блокади доколку не се почитува законот.  Нагласија дека со последното решение што го донел, овластениот градежен инспектор во општина Аеродром ги прекршил првите две решенија што ги има донесено. вј/са/14:23

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Ричард Маден од „Игра на тронови“ може да биде новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Ричард Маден во иднина може да г...

Мел Би „брутално искрена“ за сексот, дрогата, депресијата

Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автоб...

Никол Кидман се разобличи до непрепознатливост заради улога

Холивудската ѕвезда Никол Кидман се промени до неп...

Пронаjден викиншки брод во Норвешка

Археолозите веруваат дека пронашле остатоци од сре...

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера н...