Силите на генералот Хафтар ја презедоа одговорноста за нападот на аеродромот во Триполи

Силите на генералот Хафтар ја презедоа одговорноста за нападот на аеродромот во Триполи

Триполи, 25 ноември 2014 (МИА) - Силите лојални на генералот Калифи Хафтар ја презедоа одговорноста за денешниот воздушен напад на аеродромот Митига во главниот град на Либија, Триполи.

- Нашите воздухопловни сили го извршија нападот врз Митига, која ја држат терористички групи, објави портпаролот на Хафтар, генералот Сакр ал-Јаруши, алудирајќи на исламските милиции кои владеат со Триполи.

На удар на воздушниот напад синоќа се најде пистата на споменатиот аеродром, во источен Триполи, единствен кој се уште функционира во либиската престолнина.

На Митига, која ја држи антивладината исламистичка милиција Фаџр Либија, од борбен авион се истрелани две ракети, кои според очевидци, не причиниле штета на терминалот, ниту на пистата на аеродромот. нд/07:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...