Нов напад на аеродромот во Триполи

Нов напад на аеродромот во Триполи

Триполи, 25 ноември 2014 (МИА) - Единствениот оперативен аеродром во Триполи денеска беше цел на воздушен напад, ден по нападите за кои одговорност преземаа силите лојални на влијателен антиисламистички генерал. 

Воздушната база Митиг, во источниот дел на Триполи, е единствениот функционален аеродром во главниот град на Либија, откако во јули годинава поради оштетување при гранатирање беше затворен цивилниот аеродром.

Засега нема инфорамции за жртви и предизвикана материјална штета. 

Борбен авион во низок лет во понеделникот испука две ракети на воздушната база, што како и останатиот дел на Триполи, е под контрола на исламистичка милиција која се противи на меѓународно признатата влада на премиерот Абдулах ал Тани. аа/нд/12:47

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.