• A-
  • A
  • A+
понеделник, 25 јуни 2018, 

Невремето во Далас однесе осум животи, вкупно 25 жртви во САД

Невремето во Далас однесе осум животи, вкупно 25 жртви во САД

Далас, 27 декември 2015 (МИА) - Поширокото подрачје во Далас го погодија повеќе торнада кои зад себе оставија значителна материјална штета, како и осум жртви, соопштија денеска локалните власти.

Вкупниот број на жртви на бурата која доцна синоќа ги погоди јужните држави во САД, Мисисипи, Тенеси и Арканзас, за време на божиќните празници се зголеми на 25.

Најмалку осум лица загинаа кога невремето го зафати густо населеното урбано подрачје кое ги опфаќа Далас и Форт Ворт, кое во исто време остана и без електрична енергија.

Градските власти на Гарланд во Тексас соопштија дека во тој град загинале пет луѓе, откако нивните возила се нашле во торнадото, како и одреден број луѓе се повредени во невремето.

Торнадата, за кои локалното население наведува дека биле најмалку четири, прекинувале електроводи и соборувале столбови, по што околу 50.000 луѓе останале без струја, објави весникот „Далас морнинг њуз“.

Уште три лица загинале во инциденти предизвикани од бурите во округот Колин, јужно од Далас-Форт, наведе весникот, повикувајќи се на информации од полицијата.

Милиони жители на југот на САД во моментот се опоравуваат од последиците на силните бури и поплави од претходните денови, предизвикани од невообичаено топлото време за овој период од годината. нд/10:45

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.