• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Триполи: Напаѓачи ја зазедоа ТВ станицата Ал Наба

Триполи: Напаѓачи ја зазедоа ТВ станицата Ал Наба

Триполи, 31 март 2016 (МИА) - Вооружени напаѓачи уапднаа во просториите на сателитската телевизија Ал Наба, ја прекинаа нивната програма и го натераа персоналот да ја напушти ТВ станицата, соопштија двајца новинари на тој канал, кој се смета за близок до властите кои ја контролираат либиската престолнина.

Програмата е целосно прекината половина час откако на екранот се појави црвен натпис „Итно“ и потоа текстот на пораката дека „синовите и револуционери на Триполи го затвориле овој канал на наслога и поттикнување омраза“, пренесува Танјуг. Во пораката уште се наведува дека ќе биде прогонуван и фатен секој оној кој во иднина ќе работи за оваа ТВ станица.

- Група вооружени мажи, од кои некои беа во униформи, а некои во цивил, упаднаа во нашите простории, ги собраа вработените и им рекоа дека повеќе нема што тука да бараат, изјави еден од вработените новинари.

Каналот во средата го објави коментарот на Калифа Гвеил, лидер на непризнатите власти кои го контролираат Триполи, во кој тој бара Фајез ал Сараџ, шеф на владата на национално единство, поддржана од Обединетите нации, да го напушти Триполи. ссм/07:52

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...