• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

По 48 часа блокада продолжи евакуацијата од опколените населби кај Алепо

По 48 часа блокада продолжи евакуацијата од опколените населби кај Алепо

Дамаск, 21 април 2017 (МИА) - Сиријците евакуирани од опколените населби во реонот на Алепо денеска го продолжија своето патување, откако два дена беа блокирани во автобуси, соопшти Сирискиот центра за мониторинг на човековите права.

- Дел од 16-те автобуси блокирани во двете транзитни зони во близина на Алепо го продолжија патот, изјави директорот на Центарот со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман.

Од средата утрото, 45 автобуси со борци и цивили приврзаници на режимот, евакуирани од наслебите Фуа и Кафраја, беа блокирани во предградието на Алепо, Рашидин, кое е под контрола на бунтовниците.

Во средата вечерта со други 11 автобуси беа евакуирани жителите на населбите под конторла на бунтовниците, Забадани, Сергаја и Џабал Шарки во зоната на Рамуса, јужно од Алепо. Тие се упатија кон Рамуса во провинцијата Идлиб, во реони под контрола на бунтовниците.

- Во исто време десет автобуси го напуштија Рашдин и влегоа во градот Алепо, кој е под контрола од сирискиот режим, посочи Рахман. ми/сп/10:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...