• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Ослободени заложници во Ирак

Ослободени заложници во Ирак

Багдад, 21 април 2017 (МИА) -  Сите 26 заложници, меѓу кои и членови на катарското кралско семејство, ослободени се денеска откако 16 месеци поминаа во заробеништво во Ирак, изјавија двајца ирачки официјални претставници, пренесува Танјуг.

Според зборовите на еден неименуван владин и еден неименуван безбедносен претставник, заложниците денеска се ослободени и сега се под контрола на Министерството за внатрешни работи на Ирак.

Тие биле киднапирани во декември 2015 година од пустинскиот камп на јужниот дел на земјата. Ирачките официјални лица соопштија дека околу пуштањето на заложниците се водени преговори меѓу Иран, Катар и либанската шиитска милитантна група Хезболах повеќе од една година и дека на сунитските и шиитските фракции им се исплатени повеќе милиони долари. ви/ссм/15:05

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...