• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Несреќа во Нигерија, загинаа 30 навивачи на Манчестер јунајтед

Несреќа во Нигерија, загинаа 30 навивачи на Манчестер јунајтед

Абуџа, 21 април 2017 (МИА) - Најмалку 30 лица загинаа, а 11 се повредени во Калабар, Нигерија, кога електричен кабел падна на зграда каде поголема група била собрана да го гледаат натпреварот од Европската лига меѓу Манчестер јунајтед и Андерлехт, јавија локалните медиуми.

Едно лице е во критична состојба. Според локалните медиуми, во моментот во објектот имало околу 80 лица, но останатите успеале да побегнат.

Според наводите на нигериската полиција, несреќата се случила синоќа, околу 22.00 часот. 

На својот Твитер налог, управата на Манчестер јунајтед денеска изрази сочуство до семејствата и пријателите на жртвите. ви/ссм/14:46

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...