• A-
  • A
  • A+
понеделник, 23 април 2018, 

Венецуела: Едно лице е застрелано при синоќешните протести против Мадуро

Венецуела: Едно лице е застрелано при синоќешните протести против Мадуро

Каракас, 21 април 2017 (МИА) - Еден човек беше застрелан во текот на изминатата ноќ за време на протестите против венецуелскиот претседател Николас Мадуро, соопшти Карлос Окарис, градоначалникот на регионот Сукре, местото каде се случило убиството. 

- Со голема болка соопштувам дека Мелвин Гуаитан, скромен работник од Петаре, почина како последица од огнена рана, наведе Окарис на неговиот Твитер налог. 

Окарис е член на опозицијата која е дел од организаторите на протестите, на кои досега загинаа девет лица. 

- Настојуваме да се откријат виновниците за убиството и да бидат казнети, истакна градоначалникот. 

Тој не даде дополнителни детали за случајот. 

Од 1 април во Венецуела се одржуваат протести за оставка на претседателот Мадуро. см/ссм/18:00

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Кејт и Вилијам добија син

Кејт, војвотката од Кембриџ, денеска се породи со ...

Џи-Кју ја стави Библијата на листа на „најпреценети книги во светот“

Списанието за машка мода Џи-Кју објави „Листа на н...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берг...

Кејт Мидлтон се пораѓа по трет пат

Сопругата на британскиот принц Вилијам, војвотката...