• A-
  • A
  • A+
понеделник, 15 октомври 2018, 

Најмалку шестмина загинати при земјотрес во реонот на ирачко-иранската граница

Најмалку шестмина загинати при земјотрес во реонот на ирачко-иранската граница

Багдад, 12 ноември 2017 (МИА) - Најмалку шест лица загинаа во Иран, а неколку дестици други се повредени, при силен земјотрес што вечерва го погоди реонот во северниот дел на ирачко-иранската граница.

Според Американскиот геофизички институт, земјотресот бил со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар југозападно од Халабџа, на 103 километри југоисточно од ирачкиот градот Сулејманија.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар пак соопшти дека потресот бил со јачина од 7,4 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри под површината на земјата и со епицентар на 32 километри северно од иранскиот град Сарпол и Захаб.  

Иран Земјотрес

Според ирачката метеоролошка служба, меѓутоа, земјотресот бил со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала и бил почувствуван во поголем дел од Ирак, вклучително и во главниот град Багдад. Поради потресот голем број жители на северните и источните реони на Ирак во паника ги напуштале своите домови.  

Иранските медиуми јавија дека потресот предизвикал штети во најмалку осум населени места во западната иранска провинција Керманшах, а дошло и до прекин на електричната енергија во неколку погранични реони.

Земјотресот бил почувствуван и во југоисточната турска провинција Дијарбекир, како и во неколку други држави на Блискиот Исток, вклучително и Израел. сп/22:11

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Во својата прва улога Бред Пит глумеше син на Милена Дравиќ

Својата прва улога во професионалната кариера Бред...

Њујорк: Шише вино продадено за рекордни 558.000 долари

Шише вино „Romanee-Conti“ од 1945 година е продаде...

Возеше со бебе во автомобилот кога „џиновски град“ и ја скрши шофершајбната

Младата мајка Фиона Симпсон објави фотографии од п...

Со крилја на грб: Бехати Принслу се враќа во Викторија Сикрет

Еден ангел ги поврати своите крилја! По двегодишно...

Почина актерката Милена Дравиќ

Актерката Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград ...