• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Захарова: Распоредувањето на американски ракети во Јапонија ќе ги наруши руско-јапонските односи

Захарова: Распоредувањето на американски ракети во Јапонија ќе ги наруши руско-јапонските односи

Москва, 28 декември 2017 (МИА) - Одлуката на Јапонија на нејзината територија да бидат распоредени системи за противракетна одбрана ќе ги наруши односите меѓу Токио и Москва, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, нагласувајќи дека со одлуката САД исто така го прекршуваат и важниот договор за контрола на вооружувањето. 

- Тие активности на Токио директно и противречат на приоритетната задача за градење на доверба меѓу Русија и Јапонија во воено-политичката сфера и ќе имаат негативно влијание врз заедничката атмосфера на билатералните односи, вклучително и во преговорите по прашањето за мировниот договор, истакна Захарова.

Таа посочи дека одлуката на Токио „предизвикува длабоко жалење и сериозна вознемиреност“.

Како што јави МИА, месецов Јапонија одлучи на нејзината територија да распореди компоненти од американскиот противракетен систем „Аегис“, како одговор на зголемените закани од Северна Кореја. см/сп/15:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...