• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

ОН планираат конференција со Русија, Турција и Иран за новиот устав на Сирија

ОН планираат конференција со Русија, Турција и Иран за новиот устав на Сирија

Женева, 31 јули 2018 (МИА) - Пратеникот на Обединетите нации за Сирија, Стефан де Мистура планира во септември да свика конференција на земјите кои го гарантираа прекинот на огнот во оваа бликсоисточна земја - Русија, Иран и Турција, за да се создаде комисија која би го подготвила новиот сириски устав.

Де Мистура денеска во рускиот град Сочи се сретна со претставници на овие три земји и ја најавил конференцијата.

Според предлогот на Де Мистура, сириските власти и претставници на бунтовниците ќе номинираат по 50 луѓе, за на крај од нив да се состави 50-члена комисија која би го подготвила новиот устав на Сирија.

Пратеникот на ОН изјави дека ова ќе биде клучен чекор за ставање на крај на крвавата граѓанска војна во Сирија. цч/сп/13:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.