Песков: Се уште е рано да се зборува за контра мерки против САД

Песков: Се уште е рано да се зборува за контра мерки против САД

Москва, 23 август 2018 (МИА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека се уште е рано да се зборува за конкретни чекори на Русија по повод најновите санкции што ги воведе САД.

- Секако, претседателот ќе донесе одлуки кои се во најдобар интерес на нашата држава. Се уште е прерано да се зборува за конкретни чекори, но секако, руските интереси ќе бидат над се, посочи Песков.

На почетокот од месецот САД најавија дека ќе воведат нови санкции кон Русија поради наводното труење на двојниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија. ми/14:20

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...