ОН: Офанзива врз Идлиб ќе предизвика невидена хуманитарна криза

ОН: Офанзива врз Идлиб ќе предизвика невидена хуманитарна криза

Њујорк, 29 август 2018 (МИА) - Директорот на Обединети нации за хуманитарни операции Џон Гинд предупреди дека голема офанзива на сириската Влада врз последното големо бунтовничко упориште во северната провинјција Идлиб „има потенцијал да предизвика хуманитарна криза од досега невидени размери“ во седумгодишната граѓанска војна во Сирија.

Гинг ги повика земјите членки на Советот за безбедност „да направат се што можат за да се избегне тоа“.

Тој истакна дека во изминатите недели во Сирија поради бомбардирањето и гранатирањето „хуманитарната ситуација дополнително сериозно се влошила“.

Во провинцијата Идлиб, која граничи со Турција, живеат околу три милиони луѓе, а присутна е и Ал Каеда покрад сириските бунтовнички групи. ми/07:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...