Руското МНР работи на организирање на средба Лавров - Помпео

Руското МНР работи на организирање на средба Лавров - Помпео

Москва, 30 август 2018 (МИА) - Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека работи на организирање на состанок на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Мајк Помпео, на маргините на претстојната седница на Генералното собрание на Обединети нации.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова изјави дека се разгледуваат можностите за средба на Лавров со Помпео.

Седницата на ГС на ОН почнува на 18 септември во Њујорк.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт претходно изјави дека Помпео сака средба со Лавров за да разговара за билатералните односи. ми/12:52

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...