Првиот процес за корупција против Кристина Киршнер ќе започне во февруари

Првиот процес за корупција против Кристина Киршнер ќе започне во февруари

Буенос Аирес, 4 септември 2018 (МИА)Првиот процес во Аргентина под обвинение за корупција против поранешниот претседател Кристина Фернандес де Киршнер, ќе започне на 26 февруари, информираат извори од судската власт.

Фернандес беше претседателка од 2007 до 2015 година Против неа во тек се серија на судски постапки за корупција.

Процесот, што ќе започне во февруари, е за градежни договори склучени од државата со претприемач близок до семејството на Фернандес.

Градежни и енергетски претприемачи се осомничени дека платиле стотици милиони долари поткуп за време на владеењето на Фернандес и на нејзиниот покоен сопруг Нестор Киршнер, претседател од 2003 до 2007 година, за да добијат јавни набавки.

Како сенатор, Фернандес не може да биде испратена во затвор, но нема пречки да и се суди. ир/зш/07:36

###



    

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ