• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Уништени речиси сите експонати при голем пожар во Националниот музеј на Бразил

Уништени речиси сите експонати при голем пожар во Националниот музеј на Бразил

Рио де Жанеиро, 4 септември 2018 (МИА) - Огромниот пожар, кој избувна во Националниот музеј на Бразил во неделата, ја уништи целата збирка бесценети експонати, јавија локални медиуми.

- Се е готово, рече експертот Марко Аурелио Калдас, еден од ретките лица, кои влегоа во изгорена зграда.

Метеорити, кои се отпорни на високи температури, се единствените меѓу 20-те милиони експонати, што го преживеаа пожарот.

Според проценките на заменик-директорот на Националниот музеј Кристиана Сережо само 10 проценти од експонатите преживеале.

Националниот музеј на Бразил е сместен во зградата од 1892 година. 

- Двесте години работа, истражување и познавање се изгубени, тажен ден за сите Бразилци, напиша претседателот Мишел Темер на Твитер. ир/зш/07:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.