• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Во Банкок почна конференција на ОН за климатски промени

Во Банкок почна конференција на ОН за климатски промени

Банкок, 4 септември 2018 (МИА) - Во Банкок денеска почна конференција  на ОН за климатските промени по повикот од развиените држави за поголем напредок и зголемена одговорност во заштитата на климата.

Повеќе од две илјади делегати од 196 држави ќе учествуваат на шестдневните расправи за имплементација на насоките од Парискиот договор за климата.

Договорот е потпишан во 2006 година и е обврска за 195 држави за ограничување на растот на глобалната температура за најмногу два степена Целзиусови односни 1,5 степени во овој век. Состанокот е последен дел од преговорите пред одржување на Конференцијата за климатски промени што ќе се одржи во декември оваа година во Катовице.

- Не остваривме доволно напредок. Ова не е само уште една дополнителна расправа, ова е итен состанок, нагласи на отворањето  претседавачот со конференцијата Франк Баинимарама. Агенции на ОН и невладини организации ги повикаа развиените држави да имаат поголем ангажман во решавање на климатските проблеми.ир/зш/11:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ