Маратонско сослушување во Сенатот за номинација во американскиот Врховен суд

Маратонско сослушување во Сенатот за номинација во американскиот Врховен суд

Вашингтон, 4 септември 2018 (МИА) - Сенатот денеска го започна првото од повеќето сослушувања на новопредложениот судија на Врховнит суд на САД, Бред Кавано, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Дваесет и еден член на сенатската комисија за правда се очекува со недели да заседава со дискусии и прашања до Кавано, именуван летово за судија во Врховниот суд од страна на претседателот Доналд Трамп, откако функцијата ја напушти друг судија поради пензија.

Врховниот суд е еден од главните упоришта на американската политика, а како институција е еден од четирите столбови на извршната и законодавната власт, после Претседателот на САД, Сенатот и Претставничкиот дом. За пополнувањето на испразнетите фотељи секогаш има остри полемики и спорови помеѓу демократите и републиканците.

Демократите нема да им го простат на републиканците блокирањето на судијата Мерик Гарланд да стане член на Врховниот суд во 2016 година, номиниран од поранешниот претседател Барак Обама. Републиканците тогаш не ја прифатија неговата номинација со образложение дека како претседател во заминување, Обама нема повеќе право да именува судии во Врховниот суд.

Кавано е докажан републиканец кој има работено на импичментот на Бил Клинтон, а пред да служи во администрацијата на Џорџ Буш, тој беше задолжен за пребројувањето на гласовите во Флорида на претседателските избори во 2000 година, што беше клучно за победата на Буш над демократот Ал Гор. Затоа јавноста го оцени како добар избор на Трамп во пресрет на изборите во ноември.

Историски, речиси една четвртина од номинациите за место во Врховниот суд не биле прифатени. Во изминатите три децении сослушувањата за оваа номинација од страна на сенатската комисија за правда во просек траеле 45 денови, додека конечното прифаќање на номинацијата е 26 денови после тоа. бк/ссм/17:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...