• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Турција и Катар потпишаа трговски договор во вредност од 15 милијарди долари

Турција и Катар потпишаа трговски договор во вредност од 15 милијарди долари

Анкара, 4 септември 2018 (МИА) - Турција и Катар денеска потпишаа трговски договор вреден 15 милијарди долари, а кој вклучува и доставување нафтени произвопди и природни гасови, објави ДПА.

Договорот е дел од ветувањето за инвестиции, дадено од емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани на средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, одржана во август.

Договорот е потпишан во момент кога Анкара вложува напори за надминување на монетарната криза.

Турскиот министер за трговија Рухсар Пекџан и нејзиниот катарски колега Ахмед бин Џасим Ал Тани се сретнаа денеска во Анкара, за да потпишат договор за трговско и економско партнерство, кое вклучува и соработка во областа на телекомуникациите и финансии. ссм/17:42

###


        

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ