• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Се уште не се знае точниот број на луѓе заглавени под урнатиот мост во Калкута

Се уште не се знае точниот број на луѓе заглавени под урнатиот мост во Калкута

Калкута, 4 септември 2018 (МИА) - Спасувачките екипи во индискиот град Калкута се уште немаат точна информација дали и колку луѓе се затрупани под мостот што денеска се урна во овој град.

Локалните медиуми јавуваат дека најмалку пет лица загинале, а осуммина се повредени.

Мостот бил стар 40 години, а причината за неговото уривање засега не се знае. Кога несреќата се случила возила минувале преку мостот, а затрупани останале пет автомобили и еден минибус.

Индиската армија испрати медицински тимови да им помогнат на повредените од блиска полска болница. цч/ми/18:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.