• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Ариф Алви избран за претседател на Пакистан

Ариф Алви избран за претседател на Пакистан

Исламабад, 4 септември 2018 (МИА) - Пакистанскиот Парламент денеска го избра стоматологот Ариф Алви од владејчката партија Техрик и Инсаф за нов претседател на државата.

Алви освои 212 гласа во двата дома на Парламентот, далеку над опозицискиот кандидат Ајтас Ахсан и исламистот Маулан Рахман.

Од 2010 година претседателот на Пакистан има намалени овластувања, а реалната моќ во државата е во рацете на премиерот, позиција која по изборите ја презема поранешниот познат крикет играч Имран Кан. цч/ми/19:23

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.