Сириска организација тврди дека во руски напад биле убиени пет деца и четворица возрасни

Сириска организација тврди дека во руски напад биле убиени пет деца и четворица возрасни

Дамаск, 4 септември 2018 (МИА) - Девет цивили, од кои пет деца, биле убиени при руски воздушни напади во сириската област Идлиб, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Според Опсерваторијата, руски авиони ја бомбардирале областа првпат по пауза од 22 дена.

Сириската армија и нејзините руски и ирански сојузници најавија голема офанзива во Идлиб, која е последната поголема сириска област што се уште е под контрола на бунтовниците.

Западните земји ја предупредија Сирија да не почнува офанзива во Идлиб, стравувајќи дека е можно нападот да предизвика хуманитарна катастрофа и да ги претвори преостанатите три милиони жители во оваа област во бегалци. цч/ми/19:40

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.