• A-
  • A
  • A+
вторник, 18 септември 2018, 

Трамп и Мун разговараа за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Трамп и Мун разговараа за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Сеул, 4 септември 2018 (МИА) - Претседателите на Јужна Кореја и на САД, Мун Џае-ин и Доналд Трамп во денешниот телефонски разговор ја потврдија решеноста за воспоставување на мир и денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Телефонскиот разговор е воочи патувањето на специјалниот претставник на Мун, Чунг Еуи-јонг и јужнокорејска делегација во Пјонгјанг. 

- Претседателот Мун објасни дека планира да испрати делегација во Северна Кореја, како дел од подготовките за самитот на Јужна и Северна Кореја, а разговараа и за воспоставување на постојан мир на Корејскиот Полуостров преку целосна денуклеаризација, се наведува во соопштението од претседателот на Јужна Кореја. ми/19:37

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.