• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

ОН: Путин и Ердоган можат да спречат крвопролевање во Идлиб

ОН: Путин и Ердоган можат да спречат крвопролевање во Идлиб

Женева, 4 септември 2018 (МИА)Специјалниот претставник на Обедионети нации за Сирија, Стафан де Мистура денеска изјави дека Русија и Турција можат да спречат крвопролевање во Идлиб.

- Сирија може да ја избегне најкрвавата битка до сега ако претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган во брзо време разговараат за изнаоѓање на решение за ситурацијата во провинцијата Идлиб, која е под контрола на бунтовниците, изјави де Мистура.

Тој додаде дека разговорите меѓу Русија и Турција се од клучно значење за избегнување на напад врз Идлиб,

На 7 септември во Техеран претседателите на Иран, на Русија и на Турција ќе разговараат за состојбата во Идлиб. ми20:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.