Израел ракетирал ирански цели во западна Сирија

Израел ракетирал ирански цели во западна Сирија

Ерусалим, 4 септември 2018 (МИА) - Израелските сили денеска ракетирале позиции на ирански борбени единици во западна Сирија, јавуваат сириски медиуми, додека сириската новинска агенција САНА тврди дека биле нападнати позиции на сириската армија.

Цел на нападите биле градовите Вади ал Ајун и Масјаф, при што била нанесена материјална штета. Според САНА, едно лице било убиено, а четворица ранети. САНА тврди дека не биле нападнати ирански позиции.

Иран е близок сојузник на сирискиот водач Башар ал Асад и се смета дека во Сирија се распоредени разни ирански борбени единици. Израел повеќе пати инсистираше дека нема да дозволи постојано иранско воено присуство на сириска територија.

Во меѓувреме, израелскиот министер за разузнавање Израел Кац денеска потврди дека израелските сили ракетирале над 200 ирански позиции во Сирија во изминатите две години. „Разберете дека ова прашање е важно за да се зачува нашата црена линија, да се спречи Иран да продолжи да го прави тоа што го правеше досега, изјави Кац. цч/20:52

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.