• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ОН: Либиски групи договорија примирје во Триполи

ОН: Либиски групи договорија примирје во Триполи

Триполи, 5 септември 2018 (МИА) – Завојувани либиски групи во Триполи договорија примирје по една недела борби во кои беа убиени најмалку 50 луѓе, соопшти ОН.

– Договорот предвидува итен прекин на борбите и механизам за надгледување на почитувањето на договорот, соопшти мисијата на ОН во Либија.

Примирјето треба да даде можност и за обнова на работата на аеродромот Митига во близина на Триполи, како и отворање за сообраќај на сите патишта од и кон главниот град.

Судирите во јужниот дел на Триполи почнаа на 27 август и според западни медиуми повеќе од 1.800 семејества ги напуштиле домовите бегајќи кон други реони во Триполи или во други градови.

САД, Франција, Велика Британија и Италија го поздравија примирјето со заедничка изјава.зш/07:26

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ