• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Јужнокорејска делегација пристигна во Северна Кореја за да договори билатерална средба на високо ниво

Јужнокорејска делегација пристигна во Северна Кореја за да договори билатерална средба на високо ниво

Сеул, 5 септември 2018 (МИА) – Јужнокорејска делегација составена од високи функционери предводена од специјален пратеник на претседателот Мун Џе-ин денеска пристигна во Северна Кореја каде ќе разговара за организирање средба на врвот меѓу двете Кореи која би се одржала подоцна овој месец.

Не се знае со кого ќе разговараат јужнокорејските претставници, ниту дали ќе се сретнат со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун .

Кабинетот на јужнокорејскиот претседател соопшти дека делегацијата, предводена од претседателскиот советник за национална безбедност, ќе однесе лично писмо до Ким Џонг-ун.

Се истакнува и дека претставниците имаат многу важна задача „во многу важен момент“, кој може да ги одреди перспективите за постигнување траен мир на Корејскиот полуостров. јт/07:38

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ