Соседите на Венецуела бараат помош за справување со мигрантската криза

Соседите на Венецуела бараат помош за справување со мигрантската криза

Кито, 5 септември 2018 (МИА) - Група латиноамерикански земји денеска повикаа да се зголеми помошта за илјадниците мигранти од Венецуела, кои ја напуштија земјата по нејзиниот економски колапс.

Вкупно 11 земји од регионот, во главниот град на Еквадор, Кито, потпишаа декларација во која повикуваат на „значително зголемување“ на ресурсите за справување со миграцијата од Венецуела, која ОН неодамна ја нарече „кризен момент“.

Декларацијата, која беше потпишана од Аргентина, Бразил, Еквадор, Костарика, Колумбија, Чиле, Мексико, Панама, Парагвај, Перу и Уругвај, беше усвоена по дводневен состанок на работни групи.

Во документот се повикува да се зголеми помошта за венецуелските мигранти како од самите земји, така и од ОН и други специјализирани меѓународни организации. Земјите исто така го повикаа Каракас да воспостави процедури со кои на сите жители на Венецуела ќе им се издаваат документи кои им се потребни за слободно движење преку границите.

Венецуела не учествувала на состанокот, иако била поканета, соопштија организаторите.

Државите потписнички се договорија и да формираат регионална програма за размена на информации за венецуелските мигранти, со цел да се обезбеди ред и безбедност на миграциските текови.

Од 2015 година, 1,6 милиони Венецуелци ја напуштиле својата земја, од кои 90 отсто пристигнуваат во соседните земји од Јужна Америка, покажуваат податоци на ОН. Во исто време, властите во Венецуела негираат дека во земјата има хуманитарна криза. јт/07:50

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...