СБ на ОН во петок ќе расправа за ситуацијата во Идлиб

СБ на ОН во петок ќе расправа за ситуацијата во Идлиб

Вашингтон, 5 септември 2018 (МИА) – Советот за безбедност на ОН во петок ќе одржи состанок за ситуацијата во сириската провинција Идлиб, информира американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

Таа го повтори ставот на Вашингтон дека очекуваната офанзива на сириските владини сили во провинцијата би можела да предизвика хуманитарна катастрофа.

Хејли информира и дека американскиот претседател Доналд Трамп планира да биде домаќин на состанок на СБ на ОН на високо ниво за Иран овој месец, додека САД претседаваат со тоа 15-члено тело.

Трамп вчера го предупреди шефот на сириската држава Башар ал Асад и неговите сојузници Иран и Русија да не ја „напаѓаат невнимателно“ северозападната сириска провинција Идлиб која е под контрола на бунтовниците.

- Претседателот на Сирија Башар ал Асад не треба невнимателно да ја нападне провинција Идлиб. Русите и Иранците ќе направат голема хуманитарна грешка ако учествуваат во оваа потенцијална човечка трагедија. Можат да бидат убиени стотици илјади луѓе. Не дозволувајте да се случи тоа, напиша Трамп на Твитер. јт/08:02

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...