САД загрижени поради кибер закани од повеќе земји пред изборите

САД загрижени поради кибер закани од повеќе земји пред изборите

Анаполис, 5 септември 2018 (МИА) – Директорот на американската национална разузнавачка служба Ден Коутс изјави дека е загрижен поради кибер закани од повеќе земји пред претстојните избори во САД, но не прецизира за кои земји станува збор.

Во говор на Разузнавачкиот и безбедносен самит во Мериленд, Коутс рече дека се загрозени овогодишните ноемвриски избори за Конгресот, како и претседателските избори кои треба да се одржат во 2020 година.

- Нашата меѓусебна поврзаност им олеснува на нашите непријатели да користат операции со информирање со кои внесуваат раздор, со цел да посеат неслога и да ги поткопаат нашата демократија и вредности, како што видовме во случајот со обид за странско влијание од страна на Русија и други, заклучи Коутс. јт/08:43

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ