• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Иран предупреди дека ќе се повлече од нуклеарниот договор ако до 4 ноември ЕУ не преземе мерки за опстанок на договорот

Иран предупреди дека ќе се повлече од нуклеарниот договор ако до 4 ноември ЕУ не преземе мерки за опстанок на договорот

Техеран, 5 септември 2018 (МИА) – Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека Европската унија до 4 ноември треба да преземе неопходни мерки за опстанок на нуклеарниот договор со Иран.

- Им кажавме на Европејците дека ако нуклеарниот договор не одговара на основните интереси на нашата земја, вклучително и прашањето за извоз на нафта и работата на банкарскиот сектор, ние ќе се повлечеме од договорот, изјави Арагчи.

Тој рече дека „ако Европа не предложи неопходни мерки за почитување на интересите на Иран по реактивирањето на санкциите на САД во ноември, учеството на Техеран во нуклеарниот договор станува бесмислено“.

- Ако по 4 ноември можеме да извезуваме нафта, Иран нема да се повлече од нуклеарниот договор, изјави Арагчи. јт/12:30

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ