Јужнокорејски претставници се сретнаа со севернокорејскиот лидер

Јужнокорејски претставници се сретнаа со севернокорејскиот лидер

Сеул, 5 септември 2018 (МИА) – Јужнокорејска делегација денеска во Пјонгјанг се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и му врачи лично писмо од јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин.

Кабинетот на Мун соопшти дека претставниците ќе присуствуваат и на прием, по што денеска подоцна ќе се вратат во Јужна Кореја.

Јужнокорејска делегација составена од високи функционери предводена од специјален пратеник на претседателот Мун Џе-ин денеска престојува во Северна Кореја каде разговара за организирање трета средба на врвот меѓу двете Кореи која би се одржала подоцна овој месец и за да помогне за спасување на дипломатијата меѓу САД и Северна Кореја. јт/12:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ