• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Авион од Дубаи под карантин во Њујорк, им се слошило на стотина патници

Авион од Дубаи под карантин во Њујорк, им се слошило на стотина патници

Њујорк, 5 септември 2018 (МИА) - Патнички авион од Дубаи што денеска слетал на аеродромот ЏФК во Њујорк бил ставен под карантин откако над 100 од вкупно 500 патници се пожалиле на висока температура и мачнина.

Се уште нема информации што може да е извор на масовното заболување на патниците. Според првичните информации, патниците што се заболени имаат треска, со температури до 38 степени.

Медиуми и патници во Њујорк јавуват дека голем број амбулантни возила се движат околу авионот. На аеродромот биле забележани и припадници на Секретаријатот за заштита на татковината - водечката служба за безбедност од надворешни закани во САД. Досега само на неколкумина членови на екипажот им било дозволено да го напуштат леталото. цч/ми/16:30

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.